/ Прочитано:

797

Локалните избори ќе ги следат 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи

Четврток, 21 март 2013 – Шестите по ред локални избори кои ќе се одржат во недела ќе ги следат 8.379 домашни и 410 странски набљудувачи. Од регионалните медиуми до вчера во Државната изборна комисија (ДИК) беше акредитирана само екипа на ХТВ.

Граѓанската асоцијалција МОСТ акредитираше 3.941 набљудувач, Здружението за хуманитарни активности „Синергиј“-Штип  – 3.534, МЦМС акредитираше 392, Сојуз на здруженија на граѓани „Македонска платформа против сиромаштија“ –  379 и НВО Цивил – 128 набљудувачи.

Изборите ќе ги следат и 204 набљудувачи од ОБСЕ/ОДИХР. 38 од ОБСЕ и Амбасадата на САД, 32 набљудувачи на Делегацијата на ЕУ, 17 на Централната изборна комисија на Косово, 16 од Советот на Европа, седум од амбасадата на Франција, по пет од амбасадите на Косово и на Турција, по четири од бугарската, руската, австриската и кинеската амбасада и Канцеларијата на НАТО за врски во Скопје, по тројца набљудувачи од британската, хрватската и албанската амбасада, по двајца од словенечката, украинската, шведската и српската амбасада и еден од амбасадата на Република Словачка во Македонија. Комисијата за избори, жалби и приговори има акредитирано шестмина набљудувачи, а изборната комисија на Словенија четворица.

За потребите на странските набљудувачи, според ДИК, ќе бидат ангажирани 281 преведувач.