/ Прочитано:

870

Лондонската полиција уапси повеќе од 30 противници на Г8

Среда, 12 јуни 2013 – Најмалку 30 лица се приведени по вчерашните протести во Лондон против одржувањето на самитот на осумте индустриски најразвиени држави во светот – Г8, што треба да се одржи следната недела во Северна Ирска.

Полициските сили за справување со нереди во Лондон се судрија со анти-Г8 демонстрантите на помалку од една недела пред најавената средба лидерите на државите од групата Г8. Стотици полицајци вчера патролираа во Лондон откако организацијата што се нарекува „Стоп Г8“ повика на протести против големите корпорации како дел од акцијата „Карневал против капитализмот“. 

Интервенцијата на полицијата доаѓа „по дојавите дека некои поединци поседуваат оружје и имаат намери да предизвикаат безредија и да направат штета“, објави Скотланд Јард.

Лидерите на 8-те светски најразвиени држави, меѓу кои и рускиот Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел ќе се сретнат на 17 и 18 јуни во местото Лок Ерне, во Северна Ирска.