/ Прочитано:

834

Македонски државјанин притворен во Чешка поради трговија со дрога

Петок, 14 јуни 2013 – Припадници на чешката Единица за борба против дрогата притворија седум лица меѓу кои и еден македонски државјанин, осомничени за трговија со дрога.

Се работи за 6,6 килограми кокаин, чија вредност на црниот пазар е 1,6 милиони евра.

„Главните организатори на овој вид криминал беа двајца етнички Албанци, еден граѓанин на Македонија, а другиот е државјанин на Србија. Сите биле предводени од други лица од албанска националност“, изјави портпаролката на чешката полиција.

Групата во Чешка тргувала со кокаин и хероин, користејќи ресторан во центарот на градот, каде се пакувала дрогата пред нејзината дистрибуција.

На петмина од притворените, доколку се покаже дека се виновни им се заканува затворска казна од 8 до 12 години, а на двајца до 5 години затвор.