/ Прочитано:

1.088

Македонците не ги заштитуваат личните податоци на Фејсбук

Понеделник, 14 мај 2012 – Скоро милион македонци на Фејсбук објавуваат од име и презиме до степен на образование и занимање. Личните податоци преку социјалните мрежи секојдневно може да се злоупотребуваат. Ефикасно оружје против вакви злоупотреби е свеста кај граѓаните.

Од 2 милиони, 876 илјади и 360 македонци користат Фејсбук. Речиси половина од населението јавно на Фејсбук ги објавува своите лични податоци. Македонците очигледне не знаат дека освен матичен број и адреса постојат и други лични податоци.

Што е личен податок?

Пол, етничко потекло, политичко, верско, филозофско уверување, членство во синдикална организација, здравствени, генетски и биометриски податоци, семејна состојба, занимање, псевдомин. Исто така личен податок е видот и степенот на образование. Секој има право овие податоци да останат анонимни, освен во посебни случаи. Дури и тогаш, фирмите и институциите се одговорни за заштита на личните податоци.

Фејсбук е средство за шпионажа?

Македонија е на 84 место во светот по користење на Фејсбук, стои на интернет порталот Socialbakers.com што се занимава со статистички податоци врзани за Фејсбук. Милион македонци преку своите профили бесплатно вршат работа за тајните служби. Ако некогаш се плаќаше  на шпион и за основните информации како на пример брачен статус или година на раѓање, сега е доволен само Фејсбук профил. Денес Фејсбук е огромна база на податоци, особено за Македонија кадешто скоро секој има објавено по два до три лични податоци.