/ Прочитано:

779

Малиот херој Виктор од Македонија во Европскиот парламент

Петок, 11 април 2014 – Почнувајќи од ноември 2013 година, европските родителски организации, меѓу кои и Клубот на родители на предвреме родени деца „ПремНова“, ја спроведуваат кампањата SOCKS FOR LIFE (Чорапчиња кои значат живот). Целта на кампањата е подигање на јавната свест за проблемот на предвременото породување и негата на овие бебиња.

Кампањата има за цел оваа тема да ја доближи до локалните и националните власти и до лидерите на ниво на ЕУ, како креатори на политики.

Главниот настан во кампањата SOCKS FOR LIFE се случува од 7 до 11 април во Европскиот Парламент во Брисел.

Во моментов се одржува изложба со уметнички дела од повеќе земји, како и приказ на фотографии од предвреме родени деца, од раѓањето до денес.

Меѓу нив има и фотографии од едно прекрасно бебе од Македонија, родено во 29-та недела од бременоста, а денес прекрасно талентирано момченце кое има речиси 4 години и кого најмногу го интересираат компјутерите и музиката.

Неговото е Виктор и заедно со неговото семејство се пример за упорност, љубов и храброст и на она што е најважно во животот – вербата во подобро.

„Викотор  е супер интелигентно момче. Негова особена љубов се компјутерите и музиката. Горди сме на него. Среќни сме што неговото среќно и насмеано лице го рефлектира примерот на упорноста и храброста во Европскиот парламент. Целата заложба за него, денес бескрајно ни се враќа со среќни моменти“, вели семејството на Виктор, преку кој се испраќа силна порака дека ништо не е невозможно кога постои искрената волја, упорност и надеж.

 М.В. (veljanoskim@akademik.mk)