МАР ќе расправа за измените на Законот за минерални суровини
Среда, 15 мај 2013 – Македонската асоцијација на рударството (МАР) при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе ги разгледа измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини.
На седницата најавено е присуство на претставници од Комитетот за минерални суровини, Министерството за економија, Секторот за минерални суровини, Техничката инспекција и Геолошкиот завод.