/ Прочитано:

1.921

МАРШ НА ЦРВЕНИТЕ ЧАДОРИ: Сексуалните работници маршираа за своите права

Среда, 17 декември 2014 – Сексуални работнички, активисти и невладини организации денеска со црвени чадори под мотото „Сексуалната работа е работа“ маршираа низ Скопје барајќи подобар третман од институциите и остварување на своите права. 

Од невладината организација „СТАР“ велат дека често се злоупотребуваат сексуалните работнички од страна на полициски службеници за да не бидат приведени. Тие истакнуваат дека клиентите често не им плаќаат за услугите на сексуалните работнички, ги малтретираат, ги злоупотребуваат, а надлежните институции не ги заштитуваат. „Сексуалните работници немаат доверба во институциите и затоа не пријавуваат дека се злоупотребувани и малтретирани од клиентите, вели Борче Божинов, претседателот на организацијата „Стар-Стар“. Според Божинов, конечно треба да се дефинира правната рамка во која ќе бидат безбедни сексуалните работници.

Протестот се организираше по повод 17 декември – Меѓународниот ден за борба против насилството врз сексуалните работници.

Се проценува дека во Македонија има околу 2.500 сексуални работници.