/ Прочитано:

1.090

Мексико: Над 26 илјади луѓе исчезнале за време на владеењето на Фелипе Калдерон во пресметките на нарко – картелите

Среда, 27 февруари 2013 – Најмалку 26.121 лице исчезнаа во Мексико за време на мандатот на претходниот претседател Фелипе Калдерон кој им објави војна на нарко – картелите, покажуваат податоците на новите мексикански власти.

Фелипе Калдерон, поранешен претседател на Мексико

Листата со исчезнатите лица е направена врз основа на податоците на јавните обвинителства ширум Мексико, потврдува Лиа Лимон, висока претставничка на одделот за човекови права при мексиканското Министерството за внатрешни работи. 

Овие официјални бројки ги објави Владата на Мексико по само една недела откако организацијата за човекови права „Хјуман Рajтc Воч“ ги искритикува мексиканските власти дека не успеале да истражат најмалку 249 случаи на исчезнати луѓе, од кои за една половина е познато дека се виновни безбедносните сили на Мексико.

Според податоците исчезнале вкупно 26.121 во периодот од декември 2006 до ноември 2012 година, повеќето се жртви на крвавата војна на нарко – картелите.

Изминативе недели меѓу мексиканската јавност предмет на спор беше бројот на исчезнати лица за време на претходната влада.