/ Прочитано:

1.106

Мериленд е на пат да стане 18-та американска држава која ќе ја укине смртната казна – синоќа во САД извршени две смртни казни

Петок, 22 февруари 2013 – Властите на американската држава Мериленд направија важен чекор за укинување на смртната казна, имено за првпат после неколку децении надлежните го прифатија нацрт законот кој го предвидува ова. Доколку нацрт-законот биде усвоен, Мериленд ќе биде  18-та од 50 американски држави во кои нема да се извршуваат смртни казни.

Смртната казна во САД е предвидена во рамките на осмиот амандман на  Уставот и тоа за случаи на убиство, злосторства против државата,трговија со дрога и злосторства против човештвото. Само во 2012 година 9 амаерикански  држави егзекутирале 43 осуденици. Последните случаи на егзекуција се случија токму синоќа во Тексас и Џорџија.

Случајот во Тексас се однесува на Карл Хенри  Блу (48) кој ја запалил Кармен Ричард Сандерс бидејќи сакала да живее со друг маж. Блу се обидел да го запали и нејзиниот пријател, но тој преживеал, по што сведочел на суд против него.

Во Тексас минатата година беа егзекутирани 15 луѓе. Уште 11 чекаат на извршување на смртна казна со смртоносна инекција.

Во државата Џорџија, пак, синоќа беше егзекутиран Ендру Ален Кук (38) заради убиство на две лица во 1995 година. Она што предизвика лавина на кометари во јавноста е тоа што властите побрзаа во извршувањето на егзекуцијата бидејќи рокот на траење на смртносната инјекција е до 1-ви март.