/ Прочитано:

1.288

Милион денари украдени од „Халкбанк“ во населба Илинден

Среда, 22 мај 2013 – Утрово во 9.45 часот е ограбена експозитурата на „Халкбанк“ во скопската населба Илинден. Според првичните информации, тројца вооружени и маскирани со закани кон вработените успеале  да украдат околу еден милион денари. Полицијата трага по нив. 

Според информациите од полицијата, тројцата маскирани и вооружен крадци влегле во банката околу 9.45 часот. Заканувајќи се со оружјето кон вработените им наредиле да им ги дадат сите пари, а потоа побегнале во непознат правец.
Еден милион денари е пленот што со себе со однеле ограбувачите, според првичните информации на скопската полиција која е во потрага по нив.