/Прочитано:

1.299

Министерот Спасов: Продолженото породилно отсуство е можност за мајките

Петок, 1 ноември 2013 – Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, во интервју за МИА тврди дека користа од воведувањето неплатено родителско отсуство во траење од три месеци е неколкукратна и оти на таков начин се дава дополнително право и можност за мајките

 „На ова прашања, мора да му се пријде од повеќе аспекти. Можеби во воведувањето на некоја измена, или воведувањето на ново право секогаш се гледа со малку скепса, и секогаш се бара повеќе. Но овој случај, одговорно тврдам дека бенефитите се неколкукратни и дека е добро што се дава дополнително право и можност за мајките, се прави исчекор напред и  се унапредуваат  правата. Прво, со евентуалното воведување на дополнителното право на неплатено родителско отсуство, се дава можност мајката подолг временски период да биде со своето дете, односно да  посвети повеќе време на неговото одгледување и нега. Второ, се избегнува потребата до 1 годишна возраст, детето да оди во градинка или некој друг да се грижи за него. Според праксата во нашата земја голем број на родители во периодот на помала возраст на детето, на пример до три години, ангажираат жени за одгледување на детето за што издвојуваат значителен износ на средства од својот буџет“, вели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Од наведените причини, вели Спасов, сметам дека истото право  би го користеле поголем број на мајките затоа што децата секој пат им се приоритет. Исто така, додава тој, се предвидува и заштита на мајката да не може да и се даде отказ, со што, како што истакнува, се гарантира нејзиното враќање на работа.

 „Дополнителна мотивација за користење на ова ново право е што за тој временски период ќе има обезбедена здравствена заштита. Вакво право постои во повеќе европски земји.Модалитетите за користење на оваа право секоја земја  го утврдува во своето национално законодавство и се разликува по должин и флексибилноста. Оттука, сметам дека постои доволна силна аргументација во насока на воведување на ова ново право“, вели министерот Спасов.

 Во постоечкиот закон, појаснува Спасов, работниците согласно колективните договори имаат право да земат неплатено отуство од работа за најразлични причини, но со ова право не се опфатени мајките кои биле на породилно отсутво од работа.

 „Токму поради тоа предлагаме измена на законот за работни односи при што мајките ќе ја добијат оваа можност секако доколку сакаат и исто така доколку забременат повторно за време на 3-месечното неплатеното отсуство од работа да имаат право повторно да користат породилно отсутво од 9 месеци“, вели Спасов.