/ Прочитано:

614

Министерството за правда на САД спроведува истрага за работењето на полицијата во Фергусон

Петок, 5 септемеври 2014 – Министерството за правда на САД отвори широка истрага за работењето на полицијата во Фергусон, во американската сојузна држава Мисури, каде убиство на афроамериканско момче минатиот месец предизвика серија протести.

Новата истрага е одвоена од тековната федерална истрага за граѓанските права во случајот кога полицаецот Дарен Вилсон на 9 август го уби тинејџерот Мајкл Браун.

Случајот го истражува и локална голема порота. Убиството на млад тинејџер од страна на полицијата предизвика двонеделни немири на улиците на Фергусон.

Истрагата ќе биде насочена кон работењето на полицијата во Фергусон во изминатите неколку години од начинот на запирање, апсење и употреба на сила, како и обуките што го минуваат локалните полицајци.