МИОА: На 14 декември повеќе од 40 илјади административци ќе ги чистат јавните површини
„Повеќе од 40.000 лица, вработени во јавната администрација, заедно со граѓанската иницијатива ‘Не биди ѓубре“, на 14 декември ќе спроведат акција со којашто ќе се исчистат голем број локации во Скопје и околината, како и во другите градови во земјава. Ова ќе биде масовна акција за чистење, која планираме да стане традиционална. На овој начин вработените од државните институции ќе помогнат за зачувувањето на животната околина, а ќе влијаеме и на свеста на граѓаните за да успееме да ги зачуваме чисти локациите откако ќе заврши акцијата“, изјави денеска министерот Дамјан Манчевски.
М.В