/ Прочитано:

1.017

Седум доживотни затворски казни за момчето што пукаше во американската конгресменка Габриел Гифордс

Петок, 9 ноември 2012 – Џеред Ли Лафнер кој ја рани американска конгресменка Габриел Гифордс заедно со уште 12 лица, а уби шест други лица во престрелка е осуден на доживотен затвор. 

Џеред Ли Лафнер (24) освен доживотните казни затвор, со судската одлука од федералниот суд во Аризона доби плус 140 години затвор. „Веќе нема да земе пиштол во рака“, рекол судијата Лари Бернс откако ја прочитал одлуката на судскиот совет.

Американската конгресменка Габриел Гифордс и нејзиниот сопруг, астронаутот Марк Кели

Поранешната конгресменка Габриел Гифордс за време на изрекувањето на пресудата била присутна во судница, но не зборувала ништо. Таа била застрелана во главата, а како последица и останале трајни оштетувања на видот,говорот и парализираност на десната рака.

Лафнер, минатата година во јануари, во престрелка што се случила во супермаркет во Тусон, Аризона, усмртил 6 лица, меѓу кои и едно девојче, а ранил 13 лица. Во обид да ја избегне смртната казна, делото го признал во август оваа година.