/ Прочитано:

1.034

Мркиќ: Србија ќе ја повлече тужбата за геноцид против Хрватска, но првин тоа треба да го направи Загреб

Четврток, 15 август 2013 – Противтужбата на Србија пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг ќе биде повлечена ако Хрватска се откаже од своите тврдења за геноцид, вели шефот на српската дипломатија Иван Мркиќ во интервју за „Новости“.

Според Мркиќ, Србија е подготвена за решавање на проблемот на релација Загреб – Белград, но Хрватска треба да го направи првиот потег.

„Ние не поднесовме први тужба против Хрватска, тоа е прво направено во Загреб. Според нашето мислење, целосно се неосновани тесните политички причини диктирани од нивната внатрешна сцена. Значи дека нашата контратужба ќе биде повлечена по Хрватска“, истакнува Мркиќ.

Во низа состаноци на претставниците на државниот врв на Србија и Хрватска последните месеци повторно беше интензивирано решавањето на отворените прашања и односите на двете земји, од границите, враќањето на имотите, па сé до воената соработка, особено трите теми кои се особено важни за повлекување на тужбите: судбината на исчезнатите лица, враќањето на културното богатство и судењето на обвинетите за воени злосторства.

Министерот за надворешни работи на Србија додава дека во следните месеци очекува интензивирање на разговорите меѓу двете страни, непосредно пред главното рочиште во Хаг.