/ Прочитано:

1.051

МВР: Приведен првоосомничениот во врска со случајот со „фабриката“ за марихуана во Драчево

Понеделник, 3 јуни 2013 – Припадниците на Единицата “Алфа“ го лоцираа и приведоа А.Г. (32) од Скопје кој беше баран по наредба на Основен суд Скопје 1 Скопје поради сомнение дека со скопската населба Драчево во магацински простор одгледувал 1000 садници марихуана. Лицето беше приведено во ресторанот „Панорама“ во село Волково во 01,00 часот, а потоа е прадеден во ПС Кисела Вода.

Според полициските сознанија, А.Г. е првоосомничен во случајот со т.н. мини фабрика за производство на марихуана откриена во магацински простор во скопската населба Драчево во декември 2011 година. МВР тогаш информираше дека во магацинскиот простор беа откриени 1000 садници канабис сатива, односно марихуана, распоредени во 24 реда, а просторот беше опремен со системи за наводнување, вентилација, греење и прехранување на растенијата.