/ Прочитано:

934

МВР: Во Струмица имало пукање, но за сега не се поврзува со изборите

Недела, 7 април 2013 – Во Струмица имало пукање, потврдуваат од МВР, но за сега инцидентот не го поврзуваат со иборниот процес.

Според првичниот полициски увид, на ниту едно место нема материјална штета ниту пак некое лице се пријавило дека е повредено. Полицијата се уште нема официјална потврда, но се сомневаат дека некој пукал во воздух од гасен пиштол.

Полицијата инфомира дека се работи на терен за да се расчисти, кој го нарушил јавниот ред и мир во градот.