25 јуни, 2013 10:25
paula
/ Прочитано:
Над половина милион евра украдени од стан во Скопје
Вторник, 25 јуни 2013 – Сеф со околу 500.000 евра и 50.000 долари е украден од стан на улица „Бихаќка“ во Скопје, соопшти денеска МВР. Кражбата во неделата ја пријавил сопственикот на станот, 57 годишниот М.М., според кого била направена штета во вредност од 33.580.000 денари, а во сефот имало и документација.
Метален сеф во кој имало 500.000 евра, 50.000 американски долари, златен накит и документација бил украден во засега непознат период (од петокот до неделата) во стан на поранешна „Бихаќка“, по ново улицата „Павел Шатев“ во Скопје. Парите биле сместени во метален сеф, информира полицијата.
Според првичните полициски сознанија и извршениот увид, крадецот употребувајќи соодветен предмет насилно ја отворил вратата на балканот влегол во куќата. Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.