/ Прочитано:

787

Неусогласеност во законите за судови, за судска служба и за платите на судиите нотира ДЗР

Државниот завод за ревизија во Извештајот за извршените ревизии нотира системски слабости  и неусогласеност во законите за судови, за судска служба и за платите на судиите и во таа насока предлага нивно изменување и усогласување.

Закон за судска служба и Закон за платите на судиите 

Со Законот за судска служба утврдено е дека минатиот труд се вреднува во износ од 0,5% во делот на основната плата со која се вреднува образованието и додатокот на плата за звање, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%, додека во Законот за плата на судиите се вреднува со секоја започната година.

Наведеното, посочуваат од ДЗР, предизвикува различно уредување на исти права на вработените во иста институција, поради што потребно е да се преземат активности за воедначување на овие одредби од Законите.

Со одредбите од овие закони различно се уредуваат одредени права на судиите и судските службеници. Имено, максималниот износ што може да го достигнат судиите за додатоците за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост е 35% од основната плата на судиите, а за истите додатоци судските службеници може да достигнат 25% од основната плата. Ревизијата смета дека постои потреба од преиспитување на законските решенија во однос на усогласување на истите заради еднаквост на правата на вработените согласно Уставот на РСМ.

Закон за судови и Закон за судска служба

Со законот за судска служба утврдено е дека минатиот труд се вреднува во износ од 0,5% во делот на основната плата со која се вреднува образованието и додатокот на плата за звање, за секоја навршена година работен стаж, а најмногу до 20%, додека во Законот за плата на судиите се вреднува со секоја започната година. Наведеното, истакнуваат од ДЗР, предизвикува различно уредување на исти права на вработените во иста институција, поради што потребно е да се преземат активности за воедначување на овие одредби од Законите.

Со одредбите од овие закони различно се уредуваат одредени права на судиите и судските службеници. Имено, максималниот износ што може да го достигнат судиите за додатоците за посебни услови за работа, постоење на висок ризик и доверливост е 35% од основната плата на судиите, а за истите додатоци судските службеници може да достигнат 25% од основната плата. Ревизијата смета дека постои потреба од преиспитување на законските решенија во однос на усогласување на истите заради еднаквост на правата на вработените согласно Уставот на РСМ.

Согласно одредбите од овие закони, судската служба ја сочинуваат судските службеници, лицата вработени во судовите кои вршат технички и помошни работи и судската полиција.

Во член 3 став 2 од Законот за судската служба уредено е дека вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи немаат статус на судски службеници и за нив важат Законот за вработените во јавниот сектор и општите прописи за работни односи. Висината на платите и другите надоместоци на судските службеници и другите вработени во судовите се определуваат со закон и со колективен договор согласно член 109 од Законот за судовите.

Системот на плата и надоместоци на плата на судските службеници е утврден со одредбите на Законот за судска служба.

Согласно член 78 од Законот за судска служба пропишано е дека платите на вработените кои вршат технички и помошни работи во судовите се во рамките на платите утврдени за административно – техничките судски службеници во зависност од степенот на образованието, работното место на кое се распоредени, согласно актот за систематизација и работното искуство, без притоа да се уреди начинот на утврдување на платите на оваа категорија на вработени лица.

Отсуството на одредби за утврдување на платите на вработените во судовите кои вршат технички и помошни работи, од ДЗР, нагласуваат предизвикува разноликост во пресметувањето и висината на платите на оваа категорија на вработени.

М.В