/ Прочитано:

1.652

НОВ ДРЖАВЕН ГРБ: Црвен разгневен лав во златно – жолт штит

Петок, 5 декември 2014 – Владата на Република Македонија вечерва на сендица го усвои нацрт­ законот за нов државен грб. Предложениот нов државен грб содржи црвен разгневен лав во златно – жолт штит со мурална круна во форма на тврдина во горниот дел. Новиот државен грб за кој ќе следува јавна расправа, според Владата ќе постигне поголема обединетост на граѓаните заради елементите кои се содржани во него. 

„Сегашниот грб на Република Македонија е во целост дизајниран според грбот на Советскиот Сојуз, според кој беа дизајнирани и грбовите на сите Советски Републики. Задолжителните елементи на сонце, ѕвезда петокрака, житни класје поврзани со лента со народни мотиви, го симболизираа посветлото опшество на комунизмот до кое се доаѓа преку трудот на работничката класа и земјоделците“, стои во предлогот.

Новиот дизајн на црвениот лав е базиран на историските грбови, илустрациите на Верланд од 1481 и грбовникот на Бароад од 1581 кој преку стемографиите на Витезовиќ во 1694 и Жерафовиќ во 1741 станал и земски грб на Македонија.

Златно ­ жолтата круна која е украсена со бисери и рубини треба да го симболизира републиканското уредување на државата.

„Целта е да се истакне и прикаже суверенитетот и интегритетот на државата. Со донесување на овој грб, Македонија ќе се вброи во семејството на европските земји, како земја со европски стремежи, кои се грижат за своето минато, но и за својата иднина, промовирајќи заедништво и врзувајќи се за симбол кој не носи никаква поделба по ниту еден основ во себе, туку напротив создава единство на сите што живеат на овие простори“ стои во предлогот.

Инаку оваа промена на државниот грб доколку се усвои ќе биде втора, а првата  во која беше отстранета само црвената петокрака се случи во 2009-та година.