/ Прочитано:

2.671

Нов тарифник за трошоците поврзани со медијацијата

Со него се определува висината на реално потребните трошоци за полагање на испитот за медијатор, признавање на обуките завршени во странство и издавање на лиценците, односно акредитациите од страна на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, која изнесува 9 000 денари. Висината на реално потребните трошоци за признавање на обуки завршени во странство е во износ од 9 000 денари, висината на реално потребните трошоци за издавање на лиценца за медијатор е во износ од 600 денари, а висината на реално потребните трошоци за акредитација на програма за обука на медијатори е во износ од 150 00 денари.

министерство за правда

Во „Службен весник на РМ” бр. 9/2017 е објавен Тарифникот за висината на реално потребните трошоци за полагање на испитот за медијатор, признавање на обуките завршени во странство и издавање на лиценците, односно акредитациите. Тој е донесен од министерот за правда, а врз основа на членот 61 став 2 од Законот за медијација.

Со него се определува висината на реално потребните трошоци за полагање на испитот за медијатор, признавање на обуките завршени во странство и издавање на лиценците, односно акредитациите од страна на Одборот за обезбедување, следење и оценување на квалитетот на работите на медијацијата, која изнесува 9 000 денари. Висината на реално потребните трошоци за признавање на обуки завршени во странство е во износ од 9 000 денари, висината на реално потребните трошоци за издавање на лиценца за медијатор е во износ од 600 денари, а висината на реално потребните трошоци за акредитација на програма за обука на медијатори е во износ од 150 00 денари.

Министерство за правда-фото за медијација тарифник

Трошоците за полагање на испитот за медијатор, за признавање на обуки завршени во странство, за издавање на лиценца за медијатор и за акредитација на програма за обука на медијатор се уплатуваат на сметката на Министерството за правда.

Тарифникот е донесен на 17 јануари 2017 година, а влегува во сила наредниот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на РМ”.