Нови апсења на протестанти во Турција
Вторник, 18 јуни 2013 – Турската полиција рано утринава извршила десетици апсења на членови на екстремната левица поради протестите против Владата, кои ја потресоа земјата од крајот на мај. Во меѓувреме, турскиот министер за внатрешни работи Муамер Гулер, денешните полициски акции во турските градови, објаснува дека се насочени против терористичката организација Марксистичко-ленинистичка комунистичка партија (МЛКП) и се резултат на едногодишна истрага.
Од изутринава врие во главниот град Анкара. Демонстранти со барикади го блокираа движењето по булеварот „Кенеди“ во главниот град Анкара и полицијата ја гаѓаа со камења и шишиња, при што органите на редот упоатребија солзавец и водени топови, пренесуваат турските медиуми.
Демонстрантите првично се разбегале, но подоцна повторно се собрале на истото место и повторно кренале барикади на улицата, скандирајќи пароли и пеејќи песни. Полицијата повторно интервенирала и почнала да гони дел од демонстрантите по околните улици.
Во меѓувреме се огласи турскиот премиер за внатрешни работи, Муамер Гулер. Тој вели дека во рамки на операциите во Истанбул се приведени 62 лица, а во Анкара уште 23 лица.
„Операцијата е плод на едногодишна истрага на обвинителството против организацијата МЛКП, која учествуваше и во протестните демонстрации за паркот Гези во Истанбул“, прецизира министерот Гулер.