/ Прочитано:

2.115

НОВИНИ ВО ДЕЛОКРУГОТ И ПОСТАПУВАЊЕТО НА ДРЖАВНАТА КОМИСИЈА ЗА ЖАЛБИ ПО ЈАВНИ НАБАВКИ – М-р Маја Малахова, претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки

На 01.09.2014 год. Собранието на Република Македонија ги донесе најновите измени и дополнувања на Законот за јавни набавки кои беа објавени во Службен Весник на Р.Македонија бр.130 од 03.09.2014 год. Како и  предходните измени и овие измени се должат на потребата за до регулирање на некои одредби на Законот за јавни набавки како и подобрување на текстот на самиот Закон, но воедно и воведување на построги норми при постапувањето на сите учесници во самите постапки по јавни набавки.

Најновите измени  настанаа и до делот на правната заштита и тоа во двата сегмента во делокругот на постапувањето на Државната комисија за жалби по јавни набавки и во делот на организацијата на работа на самата комисија.

Промени кои се однесуваат на организација на работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки

* Најпрво во делот на организацијата на работа на Државната комисија за жалби по јавни набавки во целост претрпе промена чл.201 од ЗЈН кој сега со измената гласи Став (1 )Државната комисија е државен орган кој е самостоен во својата работа и има својство на правно лице.  Став (2) Државната комисија има стручна служба . Став (3) Со стручната служба раководи генерален секретар на Државната комисија кој учествува и на седниците на Државната комисија без право на глас. Став (4) На вработените во стручната служба се применуваат одредбите од Законот за административни службеници и од Законот за вработени во јавниот сектор. Став (5) Седиштето на Државната комисија е во Скопје. Став (6) Државната комисија се финансира од Буџетот на Република Македонија. Со овие измени се воведе генерален секретар на Комисијата кој ќе раководи со стручната служба и  се утврдува дека на вработените во стручната служба ќе се применуваат одредбите од Законот за административни службеници и од Законот за вработени во јавниот сектор. Воедно се дефинира и седиштето на Државната комисија за жалби по јавни набавки и истото е во Скопје.

* Понатаму настана промена и во дел од ставовите на член 202 од ЗЈН  па така сега со измената ставот ( 1) гласи Државната комисија е составена од претседател и четири члена кои функцијата ја извршуваат професионално, со полно работно време и не можат да имаат друга функција и да бидат вработени на друго работно место, или да добиваат друг надоместок , освен платата и надоместоци од повремени едукативни и авторски хонорари.  Со оваа измена попрецизно се утврди дека претседател и членовите со полно работно време ја извршуваат својата функција и уредување на тоа каков надоместок освен платата истите можат да остваруваат. Се измени и Ставот (6) која сега гласи Претседател и членовите на Државната комисијата  од своите редови избираат заменик – претседател со мнозинство гласови. Со оваа измена се уреди начинот на кој се избира заменикот претседател на комисијата. И се додаде нов Став (8) кој гласи За време траење на мандатот претседателот и членовите на Државната комисија имаат право на плата. Коефициентот на плата на Претседател на Државната комисија е 3,8 а за членовите изнесува 3,7. Со овој дополнителен став се утврди платата на Претседател и членовите на Државната комисија нешто кое до сега беше регулирано со решение од Собраниската комисија за избор и именување.

* Измени и дополнувања претрпе и чл. 205  од ЗЈН па така на постојните три става се додадоа уште три . Новиот став (4) гласи Стручната служба на Државната комисија го подготвува годишниот  извештај за работата на Државната комисија. Оваа измена до сега беше предвидена во деловникот за работа на Државната комисија но се сметаше за потреба истото да стои и во Законот за јавни набавки. Став (5) гласи Државната комисија донесува финансиски , стратешки планови и годишна програма за работа на Државната комисија која ги доставува до Собранието на Република Македонија најдоцна до крајот на март тековната година и го организира нивното спроведување Став (6) На финансиските и стратешките планови како и на годишната програма за работа на Државната комисија согласност дава Собранието на Република Македонија. Овие два нови става значат усогласување на работењето Државната комисија со начинот на работењето останатите државни органи.

Промени кои се однесуваат на постапувањето  на Државната комисија за жалби по јавни набавки

*На  членот 214 се додадоа нови уште два става  Став (5) кој гласи Примените жалби се заведуваат во деловодната евиденција, се објавуваат на веб- страната на Државната комисија истиот ден кога се примени и по нив се формира предмет.  Овој нов став досега беше регулиран со деловникот за работа на Државната комисија не постоеше потреба за истото се регулира со Закон. Став (6) кој гласи Предметите за работа се распоредуваат кај членовите и претседателот на Државната комисија по случаен електронски избор. Со оваа измена во Државната комисија се воведе електронска архива и електронско делење на предмети по случаен избор која започна во целост да се применува од 15.09.2014 год. и истата ќе овозможи поголема транспарентност и објективност во постапувањето на Државната комисија.

* Во членот 215 со кој беше определен рокот од пет дена за доставувањето на документи од страна на договорниот орган по вложената жалба  со измените овој рок се до прецизира и сега истиот изнесува пет работни дена. Па така сега договорните органи  како и советот за јавни набавки во рок од 5 работни дена од кога е примена жалбата должни се да достават до Државната комисија за жалби по јавни набавки, одговорот на жалба, и целокупната документација од предметната набавка. Со измените во овој член е додаден и нов став (2) кој гласи Во случај на жалба против решение на Советот за јавни набавки, Советот ја доставува потребната документација, при што соодветно се применуваат одредбите од оваа глава освен членовите 228 и 229 од овој закон. Тоа значи дека сите одредби од делот за правната заштита се применуваат и на советот за јавни набавки освен  делот кој ги регулира трошоците на постапката, со оглед на фактот дека договорните органи при вложена жалба не плаќаат надоместок за водење на постапката.

* Членот 216 кој ги определува  роковите за вложување на жалба со измените се надополни со уште еден нов став 6 кој гласи При воспоставување на квалификациски систем жалбата во однос на дејствијата или пропуштањето за преземање на дејствија поврзани со тендерската документација се изјавува во рок од осум дена од денот на приемот на одлуката за прием или одбивањето на приемот на понудувачот во квалификацискиот систем. Ова до сега не беше регулирано и доведуваше до извесни заблуди и нелогичности па со оваа измена се овозможува попрецизно регулирање на рокот за вложување на жалба.

* Во членот 220 се додаваат две новини кои се многу битни за одлучувањето на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Како прво се воведува можноста комисијата одлучувајќи по жалбата не само да го поништи решението на советот како што беше предвидено во законот туку се воведува и можноста комисијата да го укине решението на советот и предметот да го врати на повторно одлучување. Со ова се овозможува при констатирана повреда на советот од страна на комисијата истата да се поправи при повторното одлучување на советот. Втора новина е и до прецизирањето на  алинејата 7 каде беше предвидено да се поништи одлуката, сега се воведува и да  ја поништи целата постапка. Државната комисија во пракса и досега со поништување на одлуката ги поништуваше и постапките но со ова прецизирање се појаснува истото.

* Во членот 222 се додава нов став (5) кој гласи Ако Советот не постапи согласно чл.215 од овој закон, Државната комисија по службена должност ќе го укине решението на Советот и предметот ќе го врати на повторно одлучување. Ова значи дека ако Советот за јавни набавки не го достави одговорот на жалба со целокупната документација по предметот против кој е вложена жалба во кој од 5 работни дена Државната комисија  по истекот на наведениот рок по службена должност ќе го укине решението на Советот и предметот ќе го врати на повторно одлучување. Со оваа новина се овозможува побрзо одлучување по вложените жалби без притоа да се направат дополнителни трошоци на договорните органи.

* Промена настана и во членот 224 и тоа во ставот (6) па наместо зборот комплетирање сега со измената се додава зборот доставување. Оваа измена е премногу значајна во постапувањето на Државната комисија . Имено со оваа измена сосема се менува рокот во кој Државната комисија е потребно да одлучува по вложената жалба па ако до сега рокот беше 15 дена од комплетирање на документите од договорниот орган сега е рок од 15 дена од доставување на документите од страна на договорниот орган. А рокот за постапување по жалба на решение на советот како и жалба на технички дијалог и понатаму останува 15 дена од приемот на жалбата. Роковите во постапувањето по жалбата од страна на Државната комисија се многу битни зошто непочитување на истите повлекуваат кривична одговорност на претседателот и членовите на Државната комисија.

Нови кривични дела предвидени во делот на правната заштита

Со овие измени на законот во делот на правната заштита се предвидоа и две нови кривични дела  и тоа едно кривично дело кое е предвидено  за Државната комисија а друго за договорните органи.

* Член 232 –о гласи Тој што нема да ги достави документите од членот 215 став (1) алинеи 1,3 и 4 од овој закон до Државната комисија во рок од пет работни дена од приемот на жалбата и со тоа ќе постапи спротивно на членот 215 од овој закон ќе се казни со казна затвор од една до пет години. Со оваа казнена одредба се оневозможува одолжување на постапката по жалба кое одложување некогаш му одеше во корист на договорниот орган.

* Член 232 – п гласи Доколку Државната комисија не одлучи во роковите утврдени во членот 224 од овој закон, претседателот на Државната комисија и нејзините членови ќе се казнат со казна затвор од една до пет години. Со оваа одредба се укажува на значењето на брзината на одлучувањето на жалбените предмети за непречено остварување  на самите постапки за јавни набавки.

 ЗА АКАДЕМИК, М-р Маја Малахова, Претсетадел на Државна комисија за жалби по јавни набавки (М.В) 6.10.2014