/ Прочитано:

1.349

Новоизбраните членови на ССРМ дадоа свечени изјави

Вторник, 18 декември 2012 – Новоизбраните членови на Судскиот совет на РМ (ССРМ), Јелица Крстевска, Влатко Самарџиски, Александра Зафировска, Мирјанка Гоцевска Стефановска и Мери Дика Георгиевска денеска пред претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски, дадоа свечена изјава.

Александра Зафировска, актуелниот претседател на ССРМ посочи дека со давањето на заклетвата е пополнет составот на Судскиот совет. Таа најави дека во текот на оваа недела ќе биде закажана седницата за избор на претседател на ССРМ.

– По заклетвата, во скоро време ќе биде закажана седница за избор на претседател на Судскиот совет. Приоритетите на Судскиот совет во иднина ќе треба да ги каже идниот претседател на Советот, изјави Зафировска.

Одговарајќи на новинарски прашања, актуелната претседателка на ССРМ рече дека нема слушнато информации дека претседателското место во Советот е партиски договорено.

Имајќи предвид дека како претседател на ССРМ е и претседател на Судскиот буџетски совет, прашана за финансиската состојба на судовите, таа рече дека е точнa информацијата дека се справуваат со одредени проблеми во однос на наплатата на побарувањата на корисниците, додавајќи дека и со помали финансиски средства судовите успеале да ја завршат годината.

Во однос на буџетот за следната година, Зафировска рече дека судската власт не ја добил потребната финансиска поддршка за 2013 година.