/ Прочитано:

715

Новоизбраните јавни обвинители на семинар: „Владеење со вештините за водење на кривичната постапка со интегритет во службата“

Петок, 14 ноември 2014 – Академијата за судии и јавни обвинители во соработка со Здружението на јавни обвинители на Република Македонија, како и во соработка и со финансиска поддршка на Амбасадата на САД и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (INL) организира семинар на тема „Владеење со вештините за водење на кривичната постапка со интегритет во службата“.

Семинарот кој започна вчера, а продолжува денеска во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје  е наменет за јавни обвинители од сите апелациони подрачја кои се новоизбрани или кои имаат до 3 години работно искуство.

Со воведно обраќање, вчера семинарот го отворија  Марко Зврлевски, јавен обвинител на Република Македонија и претседател на Здружението на јавни обвинители на Република Македонија, Арнаудовска, директор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ и Марк Ласер, правен советник/директор на правната канцеларија на ИНЛ, Амбасада на САД во Скопје.

Излагања поврзани со темата имаат национални правни експерти како и правни експерти од САД кои ќе ги презентираат искуствата на САД во однос на водење на судење и вештините за воедење на кривичната постапка со интегритет во службата.

 >> Презентација  за новиот ЗКП на д-р Тодор Витларов, Јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Штип