/ Прочитано:

708

Обама го претстави државниот буџет за 2015: Надминување на разликата помеѓу сиромашните и богатите Американци!

Среда, 5 март 2014 – Американскиот претседател Барак Обама, во рамки на Предлогот на владиниот буџет за фискалната 2015 година, повторно побара даночни олеснувања за сиромашните и семејствата од средна класа.

Актуелниот претседател на САД, Барак Обама изнесувајќи го своето видување за владината потрошувачкаа во следната година, го процени на речиси 4.000 милијарди долари. Тој побара поголеми даночни олеснувања за семејствата со мали деца, но и дополнителни олеснувања за над 13 милиони работници кои немаат деца.

Обама рече дека неговиот Предлог-буџет за 2015 година е одраз на настојувањата да се позабави нееднаквоста во примањата и огромните разлики меѓу најбогатите и најсиромашните Американци. Во Предлог-буџетот стои покачување на минималната плата и инвестиции во инфраструктурата. Предлог-буџетот предвидува намалување на буџетскиот дефицит за 651 милијарда американски долари до 2024 година.

Претседателот на САД предложи намалувањето на даноците на оние кои плаќаат универзитетско образование. Во предлог-буџетот, тој побара 56 милијарди долари нова потрошувачка, која би требало да се распореди меѓу војската и внатрешните програми.