/ Прочитано:

850

Обдукцијата покажа: Причина за смртта на жирафата Орка е воспаление на цревата

Понеделник, 3 февруари 2014 – Силно и крваво воспаление на тенките црева и 12-палачното црево, е причина за угинувањето на жирафата Орка во Зоолошката градина во Скопје, соопшти денеска професорот Дине Митров, декан на Факултетот за ветеринарна медицина.

Како што соопшти тој, три и пол години стариот мажјак немал срцева мана, ниту скршен врат, ниту какви било други повреди, додавајќи дека причинител за смртта е бактеријата ешерихија коли,  која ја имаат сите, и луѓе и животни, па при пад на имунитет може да предизвика сериозни проблеми, па дури и смрт.

Во случајот со Орка, била предизвикана некроза, односно изумирање на клетките во 12-палачното и тенките црева.