/ Прочитано:

1.455

Обука во организација на Академик за новиот Закон за извршување – преглед на променетите околности, обврски, постапки и проблематични прашања за страните во постапката

Учесниците на обуката ќе имаат можност најнапред да се запознаат со најактуелните гледишта и толкувања во врска со новиот Закон за извршување од презентациите на Снежана Фитеска и Гордан Станковиќ, едни од најискусните извршители со богата пракса во извршната постапка, кои предавале на повеќе теми од областа на извршувањето.

Обука заизвршување 1

Следејќи ги најновите трендови Академик организира обука за Законот за извршување, која ќе се спроведе на 28 ноември во хотелот Солун со почеток во 10 часот.

Учесниците на обуката ќе имаат можност најнапред да се запознаат со најактуелните гледишта и толкувања во врска со новиот Закон за извршување од презентациите на Снежана Фитеска и Гордан Станковиќ, едни од најискусните извршители со богата пракса во извршната постапка, кои предавале на повеќе теми од областа на извршувањето.

Фитеска и Станковиќ детално ќе ги информираат учесниците за заштитата на позицијата на должникот во постапката, за извршувањето врз недвижностите, за извршувањето со блокирање на сметка во банка, за извршувањето врз плата на должник. Преку предавањата на двајцата извршители учесниците ќе имаат можност да се запознаат со тоа која е обврската на работодавачот за известување на извршителот, како и за вонсудската наплата на побарувањата.

Учесниците ќе можат да слушнат како практично да се спроведат новините во извршната постапка. Фитеска и Станковиќ ќе говорат за новата улога на адвокатите во извршната постапка, за наплатата на извршните трошоци, за тоа каква е процедурата околу правото на приговор, жалба и тужба. Исто така, ќе бидат запознаени со начинот на изземање извршител и за присуството на полиција, полнолетни сведоци и нотар.

Клучните точки на обуката, кои ќе бидат предмет на интерес и за кои се очекува отворена дискусија, се:

Новиот Закон за извршување – променети околности и проблематични    прашања:

–  заштита на позицијата на должникот во постапката,

–  извршување врз недвижности,

–  извршување со блокирање на сметка во банка, извршување врз плата на должник, обврска на работодавачот за известување на извршителот и

–  вонсудска наплата на побарувања.

Практично спроведување на новините во извршната постапка:

–  новата улога на адвокатите во извршната постапка,

–  одлагање, запирање и прекин на извршување,

–  физичка делба,

–  наплата на извршни трошоци,

–  право на приговор, жалба и тужба,

–  изземање на извршител

–  присуство на полиција, полнолетни сведоци и нотар,

– задолжително регистрирање на залог врз подвижни предмети во Заложниот регистар.

На обуката за Законот за извршување, сите учесници ќе имаат единствена можност да го набават најновиот „Коментар на Законот за извршување“ од проф. д-р Кирил Чавдар, по специјална цена.

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката:

Закон за извршување НОЕМВРИ 2016 агенда