/ Прочитано:

3.004

Обука за новиот Закон за градежно земјиште во организација на Академик

Клучната цел на практичната обука за новиот Закон за градежно земјиште е да ги информира учесниците за начинот и за постапката за отуѓување на градежното земјиште, како може градежното земјиште да се даде под долготраен и под краткотраен закуп, како може да се пренесе правото на сопственост. Учесниците ќе се запознаат и со новиот начин на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба, а детално ќе биде разјаснет и начинот на функционирање на електронската постапка, од поднесувањето на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите.

Академик обука

Новиот Законот за градежно земјиште е актуелна тема за која Академик, на 1 декември во своите простории, со почеток во 10:00 часот, ќе спроведе еднодневна практична обука.

На обуката учесниците најнапред ќе имаат можност да ги согледаат разликите меѓу новиот и стариот Закон за градежно земјиште, разгледувајќи ги правата на градежно земјиште.

Клучната цел на практичната обука за новиот Закон за градежно земјиште е да ги информира учесниците за начинот и за постапката за отуѓување на градежното земјиште, како може градежното земјиште да се даде под долготраен и под краткотраен закуп, како може да се пренесе правото на сопственост.

Учесниците ќе се запознаат и со новиот начин на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба, а детално ќе биде разјаснет и начинот на функционирање на електронската постапка, од поднесувањето на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите.

Во согласност со современите трендови, на практичната обука што ќе ја спроведе Академик сите присутни ќе имаат можност да добијат одговори од Анета Јорданова, раководител на Секторот за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, реномиран експерт од оваа област и член на работната група што го подготвуваше новиот Закон за градежно земјиште.

Клучните теми на обуката за новиот Закон за градежно земјиште:

  • Клучни новини и споредба со стариот Закон за градежно земјиште
  • Права на градежно земјиште
  • Начин и постапка за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп, давање на трајно користење, пренесување право на сопственост и засновање на право на стварна службеност на градежното земјиште сопственост на Република Македонија
  • Посебен осврт на новиот начин на водење на постапките по пат на јавно наддавање и непосредна спогодба
  • Целосна електронска постапка од поднесување на пријава/барање до запишување во јавната книга за запишување на недвижностите

За сите детали во врска со обуката, можете да ни се обратите на е-пошта: practicum@akademik.com.mk, како и на телефонските броеви 02/3221-091 и 02/3232-821.

Во прилог погледнете ја агендата за обуката:

newsleter ГРАДЕЖНО НОЕМВРИ 2016 (2)