/ Прочитано:

956

Обуки на УЈП за „Е – даноци“

Понеделник, 3 февруари 2014 – Во периодот од 5 до 26 февруари, Управата за јавни приходи организира обуки за е-Даноци во повеќе градови низ Македонија. На еднодневното советување, сите заинтересирани лица (правни лица, самостојни вршители на дејност и сметководствени бироа), имаат можност да се стекнат со знаења и практични примери за начинот на регистрација на системот е-Даноци, електронско поднесување на даночни пријави и други формулари до УЈП, увид во даночни картици, преглед на извештаи итн. 

На еднодневна обука ќе бидат презентирани практични примери и дел од регулативата за користење на е-услугите на Управата за јавни приходи.