/ Прочитано:

839

Обвинителството доби нова интернет-страница, со поддршка на ОБСЕ

Јавното обвинителство денеска ја промовираше својата нова интернет-страница www.jorm.gov.mk, на која може да се следат информации од Јавното обвинителство на РСМ, од вишите јавни обвинителства, од Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и од основните јавни обвинителства.  На денешната промоција присуствуваа  републичкиот јавен обвинител на Република Северна Македонија, Љубомир Јовески, и амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Новата интернет-страница е овозможена со финансиска поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

На денешната промоција обвинителот Јовески истакна дека со новата интернет-страница  се зголемува транспарентноста во работењето на обвинителството, а амбасадорот Која потенцираше дека новата интернет-страница е дел од напорите за зајакнување на капацитетите на обвинителите за односите со јавноста.

М.В