/ Прочитано:

625

Обвинителството ги поддржува измените на Кривичниот законик за кривичните дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“

Јавното обвинителство ги поддржува предлозите за дополнување на Кривичниот законик со кривичните дела „демнење“ и „сексуално вознемирување“, кои во иднина треба да овозможат поефикасен прогон на овие кривични дела, соопштуваат од Јавното обвинителство.

Министерството за правда минатиот месец соопшти дека подготвило законски измени со кои се воведува и ново кривично дело „Демнење“.

Имено, со законските измени се додаваат одредби во кои се вметнува терминот „Демнење“, и се објаснува дека тој што истрајно и за подолго време неовластено ќе следи, прогонува или на друг начин се меша во личниот живот на друг или со него воспоставува или настојува да воспостави од него несакан контакт со движење во просторот каде се наоѓа тоа лице, со злоупотреба на користење на личните податоци, со користење на телекомуникациски или други средства за комуникација или на друг начин психички го злоставува, вознемирува или застрашува и со тоа ќе предизвика чувство на несигурност, вознемиреност или страв за неговата сигурност или сигурноста на нему блиско лице, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“, појаснија од Министерството.

Казна затвор до три години за кривичното дело „Демнење“ како нова законска измена

М.В