Усогласување на Кривичниот законик со Истанбулската конвенција: Фемицидот не е препознаен како посебно кривично дело
Фемицидот претставува убиство на жена затоа што е жена. Фемицидот е најтешка форма на родово базирано насилство врз жената и е една од водечките причини за прерана смрт кај жените на глобално ниво. Фемицидот е најчесто предизвикан од страна на лице со кое жртвата е во партнерски однос.
„Во нашата земја фемицидите се најчесто резултат на непријавување на семејното насилство или на несоодветно постапување на релевантните институции“, нагласуваат од Хелсиншкиот комитет за човекови права.
ФЕМИЦИДОТ НЕ Е ПРЕПОЗНАЕН КАКО ПОСЕБНО КРИВИЧНО ДЕЛО ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК.
УСОГЛАСУВАЊЕТО НА КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК СО ИСТАНБУЛСКАТА КОНВЕНЦИЈА Е ОБВРСКА НА НАШАТА ДРЖАВА.
АНАЛИЗА НА СЛУЧАИ НА ФЕМИЦИДИ: Потребно е фемицидот да се дефинира како посебно кривично дело
М.В