/ Прочитано:

1.026

Бензинот поскапува 1,5, а дизелот 2,5 денари

Вторник, 10 септември 2013 – Малопродажните цени на бензините ноќеска на полноќ се зголемуваат за 1,5 денари по литар, дизелот поскапува за 2,5 денари, а екстра лесното масло за домаќинство за три денари.

Ваква одлука донесе во вторникот Регулаторната комисија за енергетика на својата редовна седница посветена на корекција на цените на нафтените деривати.

Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска ќе се продава по 83,5 денари, додека литар еуросупер БС-98 ќе чини 85 денари. Новата цена на еуродизелот (Д-Е V) изнесува 73 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  ќе се продава по 62,00 денари за литар.  Поскапува и мазутот М-1 НС и тоа за 1,171 денари за килограм, со што неговата нова цена достигна 42,774 денари за еден килограм.