/ Прочитано:

899

Одбележување на европскиот ден за заштита на личните податоци

Понеделник,  28 јануари 2013 – „Час по приватност“ е мотото под кое Дирекцијата за заштита на личните податоци  ќе го одбележи Европскиот ден за заштита на личните податоците.  Во тој контекст, инспекторите од Дирекцијата ќе одржат предавања на неколку локации, каде што пред се целта е јакнење на свеста за приватноста, како и потенцирање на превентиваната улога на Дирекцијата.

Како дел од овој настан се вклучени три средни училишта и пет институции. Учениците од средните училиштаЈосип Броз Тито“, Орце Николов“ и Васил Антевски Дрен“ се една од целните групи каде што инспекторите ќе ја презентираат работата на Дирекцијата за заштита на личните податоци но ќе бидат отворени и прашањата кои најмногу ја засегаат младата полулација, а се поврзани со социјалните мрежи, злоупотреба на Фејсбук профили како и поднесување на претставки до Дирекцијата.

 Исто така, дел од инспекторите ќе ги посетат Црвениот Крст при град Скопје, Агенцијата за државни службеници, Стопанската комора на РМ, Комисијата за домување и Центарот за социјално работи при град Скопје.