/ Прочитано:

1.561

ОДБИЕНА ЖАЛБАTA: Владо Бучковски да се јави во КПУ Затвор – Скопје по правосилноста на решението

Понеделник, 24 ноември 2014 – Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, ја одбил како неоснована жалбата поднесена Владо Бучковски против решението на судија за извршување санкции и се задолжува во рок од 8 дена по правосилноста на решението да се јави во КПУ Затвор Скопје – Скопје на издржување на казната затвор во траење од 2 години, потврдуваат за Академик од Кривичниот суд.

„Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, донесе решение со кое ја одбива како неоснована жалбата поденсена од осудениот Владо Бучковски против решението на судија за извршување санкции на овој суд КУИКП.бр. 1511/14, и осудениот се задолжува во рок од 8 дена по правосилноста на решението да се јави во КПУ затвор Скопје – Скопје на издржување на казната затвор во траење од 2 години.

По донесување на пресудата на второстепениот суд и нејзина правосилност, на осудениот му е доставен упатен акт на кој истиот поднел молба до Основниот суд Скопје 1 – Скопје за одлагање на почетокот на извршување на казната затвор во која наведе дека потребно е да ги заврши веќе отпочнатите работи на Правниот факултет Јустинијан Први во Скопје, бидејќи со низвршување на истие би настапила позначителна штета за студентите, но и за реномето на факултетот. Односно, според неговата молба, од 15 септември 2014 година преземал обврски да предава по предметот Римско право на студентите од прва година на истиот факултет за академската 2014/2015 година, поради што секој понеделник и четврток има предавање пред 120 студнети кои ќе завршат со завршување на првиот семестар на 31.01.2015 година.

По разгледување и ценење на молбата, судијата за извршување санкции од предложените докази донел решени дека молбата е неоснована, бидејќи осудениот пред преземање на наведените обврси знаел дека истите неможе да ги доврши , со оглед дека пресудата на Апелациониот суд КЖ.бр. 181/14 е донесена на ден 30.06.2014 година и истиот воопшто не смеел да презема обврски кои ќе го попречат извршувањето на казната затвор за да не предизвика никаква штета со тоа, а воедно знаел дека постапката за извршуивање на казната затвор е итна. Па затоа наведените околности не се од значење за одлагање на почетокот со извршување на казната затвор.

На ова решение, осудениот поднел жалба до Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје.

Но, Советот ги ценеше наводите изнесени во жалбата и најде дека истите се неосновани бидејќи судијата за извршување на санкции правилно постапил кога утврдил дека во конкретниот случај од приложените докази не се исполнети законските услови за одлагање на почетокот на извршување на казната затвор и жалбата е неоснована, бидејќи осудениот по приемот на второстепената пресуда, имал обврска да го извести Деканатот на факултетот дека ќе биде спречен да ги извршува превземените обврски како редовен професор во престојниот семестар заради одлука на Апелациониот суд – Скопје со која е осуден на казна затвор во траење од две години, како би можел Деканатот навреме да ги преземе сите мерки за непречено одвивање на наставно – образовниот процес. Ова дотолку повеќе што септемвриската и октомвриската сесија за полагање по предметот Римско право, кај професорот Бучковски се веќе завршени, како што се завршени и постапките за приме на нови докторанти на Школата за докторски студии, па така со почнување на извршување на казната неможе да настане занчителна штета на студентите и факултетот“, известуваат од Кривичниот суд.

M.В