/ Прочитано:

841

Oдложен судскиот процес за предновогодишното безредие на Битпазар

Петок, 7 март 2014 – Судскиот процес се одложи поради тоа што еден од обвинетите си побарал нов бранител кој самиот ќе го одреди и не сакал да го застапува адвокатот кој му е доделен по службена должност. 

Денеска во Основен суд Скопје 1 се одложи судскиот процес за предноновогодишните безредија што се случија на Битпазар, во кој обвинетите се товарат дека повредиле неколку полицајци и спречиле полициски службеници да ја извршуваат својата задача. Првообвинетиот одби да го застапува бранителот по службена должност, па процесот се одложи за идниот месец.

Претходно, адвокатите, судијата и обвинителството се обидоа да постигнат спогодба, односно обвинетите да ја признаат вината и да добијат казна без да одат на судење.

Првообвинетиот се товари за напад на службено лице, односно дека со нож се обидел да прободи полицаец, а останатите седуммина се товарат дека ги спречиле Алфите во извршувањето на својата должност кога на 29 декември минатата година, се обиделе да спроведат акција за собирање на пиротехнички средства.

Судскиот процес продолжува следниот месец.