/ Прочитано:

1.059

ОДРЕДБИ НА ШТЕТА НА РАБОТНИЦИТЕ: Уставниот суд поништи одредби од Колективниот договор за текстилната индустрија

Уставниот суд на денешната седница ги поништи членот 86 од Колективниот договор за текстилна индустрија на Република Македонија и членот 84 од Колективниот договор во АД „Палтекс“ од Делчево. Со одлуката за поништување на одредбите од колективните договори ќе се смета дека овие одредби воопшто и не биле донесени.

Со  поништените одредби се предвидуваше дека ако работникот самоволно без причини даде отказ без отказен рок, работодавачот поради нарушување на работниот процес и настанатата штета има право да бара обесштетување во висина од една до три месечни плати, во зависност од работните задачи што ги извршува работникот.

Од Уставниот суд истакнуваат дека ваквите одредби од колективните договори не биле поволни за работникот и се на негова штета. Од Уставниот суд посочуваат дека смислата на колективните договори е нивното склучување да биде во интерес на работникот и заштитата на неговите права.

М.В