/ Прочитано:

2.350

ОДРЕДБИ НА ШТЕТА НА РАБОТНИЦИТЕ: Уставниот суд поведе постапка за одредби од Колективниот договор за текстилната индустрија

Уставниот суд на денешната седница поведе постапка за одредби од Колективниот договор за текстилна индустрија на Република Македонија и на член 84 од Колективниот договор во АД „Палтекс“ од Делчево.

Со  оспорените одредби се предвидува ако работникот самоволно без причини даде отказ без отказен рок, работодавачот поради нарушување на работниот процес и настанатата штета има право да бара обесштетување во висина од една до три месечни плати, во зависност од работните задачи што ги извршува работникот.

Од Уставниот суд истакнуваат дека постапката е поведена од причини што овие одредби од колективните договори не се поволни за работникот и се на негова штета. Од Уставниот суд посочуваат дека смислата на колективните договори е нивното склучување да биде во интерес на работникот и заштитата на неговите права.

Со Колективниот договор за текстилна индустрија на Република Македонија се уредуваат правата, обврските и одговорностите на договорните страни кои го склучиле овој договор, а особено склучувањето, содржината и престанокот на договорот за вработување и други прашања од работните односи или во врска со работните односи во стопанството на РМ, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови.

Минатиот месец државниот инспекторат за труд утврди прекршување на работничките права на текстилните работнички во приватна компанија во Кочани.

По добиени сознанија за прекршување на работничките права во делот на исплатата на додаток на плата за поминати работни часови на ден на неделен одмор и додаток на плата за поминати работни часови во денови на празници и неработни денови, Хелсиншкиот комитет до Државниот инспекторат за труд поднесе барање за спроведување вонреден инспекциски надзор во повеќе конфекции.

По утврденото прекршување на работничките права, текстилните работнички го добија додатокот на плата за работа во денови на празници.

По утврденото прекршување на работничките права, текстилните работнички го добија додатокот на плата за работа во денови на празници

М.В