/ Прочитано:

795

Oдредена кауција од 5 милиони евра за Контоминас

Четврток, 16 јануари 2014 – На сопственикот на приватната грчка телевизија „Алфа“, Димитри Контоминас, за кого е издаден налог за апсење во врска со сомнителните кредити што поранешната банка „Хеленик постбанк“ им ги доделувала на локални бизнисмени, му е одредена кауција од пет милиони евра.

Контоминас не е приведен, бидејќи минатата недела кога беше издаден налогот за апсење тој беше во болница, каде го чува силно полициско обезбедување.

На сопственикот на „Алфа“ му е забрането да ја напушти земјата. Контоминас, кој е обвинет за измама и перење пари, го отфрла обвинението.

Во рамки на истрагата за сомнителни кредити се обвинети уште 29 лица, меѓу кои и поранешни менаџери на банката. Поради тоа банката наводно имала загуба од 500 милиони евра.

„Хеленик постбанк“ минатата година се обедини со грчката „Евробанк“ во рамки на програмата за реструктуирање на банкарскиот сектор на земјата.