Одземени дозволите за работа на две штедилници

Четврток, 20 јуни 2013 – Гувернерот на Народната банка на Република Македонија денеска ги одзеде дозволите за основање и работење на две штедилници во Скопје заради нивната преобразба во финансиски друштва, без да се спроведе постапка на ликвидација.

Како што се наведува во соопштението на НБРМ, станува збор за „Штедилница Баваг“ ДОО Скопје и на „Штедилница Младинец“ ДОО Скопје.