/ Прочитано:

787

Одземени покер апарати од објект во Гостивар

Вторник, 10 септември 2013 – Вчера, околу 13.00 часот во с.Добридол-гостиварско, во рамки на оперативната акција „Детонатор“, извршена е акциска контрола во угостителски објект „Германија спорт“.

Во објектот сопственост на А.Е.(62) се пронајдени четири електронски покер апарати кои биле во употреба, а биле без соодветна документација.

Се преземаат мерки за  целосно  расчистување на случајот.