/ Прочитано:

1.117

Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ објавува оглас за ангажирање адвокатски приправници, дипломирани правници или магистри по право

Адвокатското друштво ГЕОРГИ ДИМИТРОВ АДВОКАТИ објавува можност за ангажирање адвокатски приправници, дипломирани правници или магистри по право.

Идеалните кандидати се урбани, ведри и мотивирани личности кои својата иднина ја гледаат како успешни адвокати кои се занимаваат со трговско право. Одлично познавање на англискиот јазик е услов за пријава, владеење на дополнителен светски јазик, компјутерски вештини и возачка дозвола се сметаат за предност.

Заинтересираните можат да се пријават до 21.12.2015 година на електронската адреса info@dimitrov.com.mk со испраќање на кратка биографија и мотивирачко писмо . Најуспешните кандидати ќе бидат повикани на интервју.