/ Прочитано:

998

АСЈО „ПАВЕЛ ШАТЕВ“: Јавен повик зa приeм нa волонтери

akad 4

Врз основа на Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2007, 161/2008 и 147/2015) и Програмата за волонтирање за 2016 година, Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’ објавува ЈАВEН ПОВИК зa приeм нa волонтери.

I. Број на места за кои се објавува јавниот повик

Јавниот повик се објавува за прием на 3 (тројца) волонтери во Академијата за судии и јавни обвинители ,,Павел Шатев’’.

На ангажираните волонтери ќе им биде исплатен надомест на трошоци за храна и превоз, согласно член 10 став 1 алинеја 7 од Законот за волонтерство („Службен весник на Република Македонија“ број 85/2007, 161/2008 и 147/2015), а најмногу до 15 % од просечната бруто месечна плата во Република Македонија, исплатена во претходната година.

II. Услови кои треба да ги исполнуваат заинтересираните кандидати

– Правни студии – VII1, или најмалку 180 кредити според ЕКТС

– Без работно искуство

– Без положен правосуден испит

– Познавање на англиски јазик

– Активно работење на компјутер Microsoft Office

III. Начин на пријавување на заинтересираните кандидати

Заинтересираните кандидати поднесуваат пријава со назнака „по јавен повик за прием на волонтери“.

Кон пријавата кандидатите треба да приложат:

– Кратка биографија со лични податоци и податоци за контакт

– Уверение за завршен правен факултет

– Увререние за познавање на англиски јазик

IV. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати

Рокот за пријавување на јавниот повик изнесува 8 (осум) дена од денот на објавување на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување).

Пријавите со потребните документи, заинтересираните кандидати може да ги достават лично во Академијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот или по пошта на следната адреса:

Академија за  

судии и јавни обвинители 

на Република Македонија

Бул. Јане Сандански бр. 12, ламела 2

1000 Скопје

Ненавремените и нецелосните пријави нема да бидат разгледувани.

V. Начин и рок на спроведување на постапката за селекција

 Постапката на селекција на пријавените кандидати ја спроведува Комисија формирана со одлука на директорот на Академијата за  судии и јавни обвинители.

Со сите пријавени кандидати, Комисијата ќе спроведе интервју, а за денот и часот на одржување на интервјуто кандидатите благовремено ќе бидат известени.

Изборот на кандидатите кои ќе бидат ангажирани како волонтери во Академијата, ќе се изврши во рок од 8 (осум) дена од денот на завршувањето на интервјуто со сите пријавени кандидати кои ги исполнуваат предвидените услови.