/ Прочитано:

1.596

Комерцијална банка објавува оглас за вработување

Самостоен стручен соработник за инвестициско банкарство во Комерцијална банка АД Скопје, 1 (еден) извршител на неопределено работно време.

Потребни квалификации и способности:

Завршен економски факултет или правен факултет, со најмалку 240 кредити според ЕКТС или VII/1 степен;

Положен стручен испит за инвестициски советник;

Со 4 (четири) години работно искуство;

Познавање на англиски јазик и работа со компјутери;

Комуникациски и организациски вештини, ориентираност кон клиенти, способност за тимска работа и професионално однесување.

Работно време: 40 часа неделно, од 8:00 до 16:00 часот.

Почетна основна нето-плата: 41.050,00 денари.

Огласот трае 8 (осум) работни дена, сметано од денот на објавување на огласот. Изборот ќе се изврши во рок од 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати.

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми треба да пратат кратка биографија (CV), мотивациско писмо и копија од диплома за завршено високо образование, на следната адреса: Сектор за човечки ресурси и општи работи, Комерцијална банка АД Скопје, ул. „Орце Николов“ бр. 3, 1000 Скопје, или на e-адреса vrabotuvanje@kb.com.mk, со назнака: „Oглас за вработување во Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност“.

Лице за контакт: Симона Белимова тел.: 3-168-470

Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да бидат разгледувани.

На интервју ќе бидат повикани само апликантите кои ќе влезат во потесен круг.