/ Прочитано:

808

Mожност за вработување во Академик

АКАДЕМИК објавува можност за вработување на продавач на правни продукти. Успешниот кандидат треба да е динамична, комуникативна и мотивирана личност која ќе биде задолжена да го презентира брендот и сите негови предности на потенцијалните клиенти. Бараме личност која сака да биде дел од еден успешен тим кој постојано ќе се стреми кон достигнување на поставените цели на продажба и нивно надминување.

Кои карактеристики ги посакуваме кај успешниот кандидат?

  • Комуникативна и ведра личност способна за работа во тим
  • Иницијатива да се постигне повеќе и подобро
  • Посветеност кон брендот и клиентите
  • Способност за контактирање и презентирање на личности од различни сектори и нивоа на менаџмент
  • Мотивираност за продажба
  • Одлично познавање на продуктот
  • Упорност
  • Флексибилност

Нудиме

  • одлична работна околина
  • основна нето плата од најмалку 15.000 денари
  • можност за зголемена заработувачка со исполнување на зададени цели

Заинтересираните можат да испратат кратка биографија и мотивирачко писмо до 21.12.2015 на електронската адреса akademik@akademik.com.mk. Најуспешните кандидати ќе бидат повикани на интервју.