/ Прочитано:

796

МЗМП: Jавен повик за учество во Програма за практикантска работа за млади правници

Вторник, 17 ноември 2015 – Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на Проектот на УСАИД за заштита на човекови права, објавува јавен повик за учество во Програма за практикантска работа за млади правници.

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации: 

– Завршени три години од студии по право (180 кредити); – Основни познавања од областа на заштита на човекови права; – Пожелно е познавање на англиски јазик; – Обврска за учество во целокупното траење на циклусот од два месеци практикантство.

За учесниците во програмата предвиден е и месечен паричен надомест.

МЗМП ги повикува сите заинтересирани, проактивни млади правници (вклучувајќи и студенти на постдипломски студии по право) да испратат свое резиме/CV и мотивационо писмо (најмногу една страна) на електронската адреса: contact@myla.org.mk или на ул. Златко Шнајдер 4А/1-3,1000 Скопје, најдоцна до 13-ти декември 2015 година.

Во периодот од јануари 2016 до јуни 2016 година Програмата ќе ги опфати градовите: Скопје, Битола, Штип, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и Струмица. При апликацирањето задолжително наведете го градот каде што сте заинтересирани да ја обавите праксата.

Програмата се спроведува во периодот од март 2015 – септември 2017 година, во соработка со судовите во Република Македонија, Народниот правобранител, Комисијата за заштита од дискриминација и индивидуални адвокатски канцеларии. Предвидено е секој учесник да помине два месеца практикантска работа во една институција (изборот на институцијата го определува проектниот тим). Истовремено со практикантската работа учесниците имаат можност да посетуваат основна и напредна обука од областа за човекови права, за што се ангажирани домашни и странски предавачи.