/ Прочитано:

879

Oглас за избор на членови на Советот за утврдување на факти од редот на професорите

Петок, 2 октомври 2015 – Судскиот совет на Република Македонија објави оглас за избор на членови на Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување на одговорност на судија од редот на професорите. 
ОГЛАС

ЗА ИЗБОР НА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ФАКТИ И ПОКРЕНУВАЊЕ НА ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ ОДГОВОРНОСТ ЗА СУДИЈА И ТОА:

  • два члена од редот на пензионирани универзитетски професори на Правен факултет на универзитетите во РМ

На огласот може да се пријави секој кој на денот на објавување на огласот ги исполнува условите од член 6 став 1 алинеја 3 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија („Службен весник на РM“ бр.20/2015).

Кандидатите својата кандидатура ја поднесуваат писмено до Судскиот совет на Република Македонија.

Кон пријавата кандидатите поднесуваат:

  • потврда за стаж;
  • биографски податоци за стручниот и професионалниот развој и
  • податоци за учество во стручна и професионална едукација.

Кандидатите кои ги исполнуваат условите од член 6 став 1 алинеја 3 од Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија полагаат психолошки тест и тест за интегритет согласно член 11 од истиот закон.

Трошоците за полагање на психолошкиoт тест и тестот за интегритет паѓаат на товар на кандидатите.

Огласот трае 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија“.