/ Прочитано:

1.094

Оглас за избор на претседател на Основен суд Берово

Петок, 19 јуни 2015 – Судскиот совет на Република Македонија врз основа на член 44 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија (Службен весник на РМ бр.60/2006, 150/2010 и 100/2011) објави оглас за избор на претседател на Основен суд Берово.

Кандидатите за избор на претседател треба да ги исполнуваат условите предвидени во член 45 и член 47 од Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр.58/2006) в.в. со член 18 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите („Сл. весник на РМ“ бр.150/2010). Заинтересираните кандидати пријавите заедно со потребната документација, во оригинал или заверена фотокопија на нотар да ги достават до Судскиот совет на Република Македонија, ул„Вељко Влаховиќ“ б.б., во рок од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник на РМ“. Образецот за пријава може да се подигне во електронска форма на WEB страната на Судскиот совет на Република Mакедонија на следната адреса: http://www.ssrm.mk/docs/formulari/prijava.doc. Некомплетните документи нема да се разгледуваат. >> Огласот е објавен на 17.06.2015 во Службен весник на РМ бр. 100/2015