/ Прочитано:

1.144

Оглас за вработување помлади соработници во Бирото за застапување на РМ пред ЕСЧП

strazbur-e1428078851860.jpg

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува Оглас за вработување на 2 (две) лица

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права врз основа на член 22, член 23, член 24, член 25, член 26 и член 27 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија” бр. 62/05, 106/08, 161/08, 114/09, 130/09, 50/10, 52/10, 124/10, 47/11, 11/12 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13, 113/14, 20/15, 33/15, 72/15, 129/15 и 27/2016), a во врска со член 22 став (1) алинеја 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” бр. 27/14 и 199/14) и Правилник за внатрешна организација на Министерство за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20-154/2015-1 од 11.06.2015 година, Правилникот за систематизација на работните места во Министерство за правда-Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права бр. 20-154/2015-2 од 11.06.2015 година, објавува

 

ОГЛАС БРОЈ  1 /2016

ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА 2 (ДВАЈЦА) ИЗВРШИТЕЛИ НА ОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ ВО ТРАЕЊЕ ДО 31 ДЕКЕМВРИ 2016 ГОДИНА ВО МИНИСТЕРСТВО ЗА ПРАВДА – БИРО ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

 

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права објавува оглас за вработување 2 (две) лица преку засновање на работен однос на определено време во траење до 31 декември 2016 година за следниве работни места:

 

  1. Еден извршител,
  • во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во Одделението за извршување на поединечни и општи мерки по одлука на Европскиот суд за човекови права, на работно место Помлад соработник за предлагање на поединечни мерки за извршување по одлука на Европскиот суд за човекови права, со звање помлад соработник.

     

    Потребни квалификации:

    Образование: Правни науки, најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.

    Работно искуство: со или без работно искуство

    Познавање на странски јазици: Англиски јазик

    Дневно работно време: 8 часа (08:30 – 16:30), неделно работно време 40 часа;

    Паричен нето износ: 21 000 денари.

     

  1. Еден извршител,
  • во Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, во Одделението за човечки ресурси и други административни работи, на работно место Помлад соработник за човечки ресурси, со звање помлад соработник.

 

Потребни квалификации:

Образование: Правни науки или јавна администрација, најмалку 180 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен.

Работно искуство: со или без работно искуство

Познавање на странски јазици: Англиски јазик

Дневно работно време: 8 часа (08:30 – 16:30), неделно работно време 40 часа;

Паричен нето износ: 21 000 денари.

 

Заинтересираните кандидати треба да достават:

  • Своерачно потпишана пријава за работното место за кое се пријавуваат;
  • Кратка биографија – CV со задолжително наведен контакт телефон и адреса;
  • Фотокопија од уверение/диплома за завршен степен на образование кое се бара за работното место
  • Диплома за познавање на англиски јазик и
  • Копија од уверение за државјанство.

 

Потребната документација да се достави во затворен коверт на следнава адреса:

 

Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права

ул. „Димитрие Чуповски” бр. 9, 1000 Скопје 

(со назнака „за оглас за вработување”)

 

Поради итноста на постапката, пријавите се доставуваат исклучиво преку архивата на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Пријавите што нема да бидат поднесени на наведениот начин и во утврдениот poк и пријавите што нема да ги содржат потребните документи ќе се сметаат за ненавремени и некомплетни и истите нема да се разгледуваат.

Рокот за доставување на потребната документација е пет (5) дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат (не сметајќи го денот на самото објавување), односно најдоцна до 21.03.2016 година (понеделник).

По селекцијата на пријавите, кандидатите кои имаат уредна документација ќе бидат повикани на интервју во просториите на Министерство за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права.

Министерството за правда – Биро за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права ќе изврши избор во рокот пропишан согласно со член 23 став 2 од Законот за работните односи.

 

Лице за контакт:

Ирена Цуцулоска

Телефон:  02/3116-493 лок. 148

e-mail: irenacuculoska@mjustice.gov.mk

 

В.Д Директор на Бирото за застапување нa РМ пред ЕСЧП – Владин Агент

м-р. Костадин Богданов